Заев: Утре нема да има добри вести од Брисел, тие што се внатре во ЕУ заборавиле колку е студено надвор

Разговорите со Софија ќе продолжат во наредниот период, па надежта е дека до решение ќе може да се дојде уште во текот на декември, рече Заев.

3,481

Утре нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел, истакна вечерва премиерот Зоран Зеав откако ја доби наградата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин, додавајќи дека решение со Бугарија ќе се бара во декември.

– Разговорите со Софија ќе продолжат во наредниот период, па надежта е дека до решение ќе може да се дојде уште во текот на декември. Ние немаме алтернатива за членството во ЕУ. Што и да се случи, ние ќе продолжиме да чекориме по европскиот пат. Тие што се внатре во ЕУ можеби заборавиле колку е студено надвор – рече Заев, пренесе „Дојче веле“.

Поврзани содржини