Заев има негативен тестот на ковид-19

229

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека го добил резултатот од тестот за ковид-19 и дека е негативен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за ковид -19 и тој е негативен.






Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19“, напиша тој.

По позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 изјави дека иако немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, сепак ќе направи тест за Ковид-19.

Поврзани содржини