Заев: Се поизвесно е ветото на Бугарија на почетокот на преговорите на земјава со ЕУ
Премиерот рече и дека има недеж дека нешто ќе се промени до крајот на декември.
Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите на земјава со Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев за време на денешното донирање на амбулантно возило за болницата во Струмица.
-Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуалното ветото на Бугарија и тоа е се поизвесно. ако ме прашувате колку тоа е повече од извесно. Но, не губам надеж дека до крајот на декември кога е рокот за првата меѓувладина седница бугарските политичари ќе имаат сила да дадат крик на пријателство и да подадат рака.Ја испраќам пораката да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство. Европски е да се гради пријателство и да се биде храбар – рече Заев.
Тој рече дека се што прави земјава е во духот на пријателство на двата народа.
-Се надевав дека пријателска Бугарија ќе се однесува поинаку, ако не се со нешто задоволни имаат 130 пати низ 140 проглавја да стават вето – рече Заев.
Тој смета дека двата народа имаат заедничка историја од која произлегле двете држави идвата јазика кои имааат заедничко словенско потекло.
– Инаку како би било нешто заедничко ако Бугарија тврди деа е нејзино, а како би било зедничка исотрија ако нешто ние тврдиме дека е македонско. Заедичко е заедничко. Така заедничко словенското потекло од кое произлегле двата јазика – рече Заев.
Премиерот рече дека земјава е подготвена да ги објави веќе усолгасените работи од работата на заедничката историска комисија и да ги внесе во учебниците материјалите кои се договорени, и дека очекува тоа да го направи и Бугарија.
Утрово, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за телевизијата БТВ изјави дека во оваа фаза Република Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори на земјава со ЕУ.