Заев: СДСМ никогаш не калкулира со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните интереси
Лидерот на СДСМ додаде дека храброста раководството и членството на СДСМ, како и мнозинската волја на народот биле клучни за членството во НАТО Алијансата и напредокот во евроинтеграциите.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот Конгресот пред сопартијците порача дека партијата е успешна и државнички успеси.
– Нашиот белег како партија беше и сѐ уште е: никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања. СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата – истакна претседателот на СДСМ и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на отворањето на 26. конгрес на партијата.
– Заедно постигнувме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет, за цементирање на нашиот територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Северна Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја – кажа Заев.
Лидерот на СДСМ додаде дека храброста раководството и членството на СДСМ, како и мнозинската волја на народот биле клучни за членството во НАТО Алијансата и напредокот во евроинтеграциите.
– Една од двете стратешки цели поставени уште пред 30 години денеска е остварена. Нашата татковина чекори напред, по вистинскиот, по европскиот пат и нема враќање назад, продолжуваме напред. Тоа е нашиот втор голем, историски, државнички успех. И уште една суштинска разлика со нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години земјата ја држеше изолирана и заробена, на погрешен пат – истакна Заев.
Како што кажа тој, со Договорот од Преспа и Договорот за добросоедство со Бугарија, се потврдува нашата искрена добрососедска намера кон сите и тоа дека Република Северна Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи.