Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека тој не понудил широка коалиција, туку само споделил идеја која можеби и никогаш нема да се реализира.
– Доблесно е премиер да испорача ваква понуда, може таа никогаш да не успее. Не сум побарал широка коалиција, споделив идеја за која треба да се дискутира. Ако е добро за државата нема проблем јас да се повлечам и од премиер и од претседател на СДСМ. Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата. Ни стигнуваат пораки, де бре, застанете еднаш заедно зад една работа. Гледајќи ги сите искуства треба да го здушиме народот. Тврдам дека можеме да имаме и повеќе пратеници и веројатно ќе се случи тоа. Понудата не е за утре, може да се случи за еден месец, после локални, од следните парламентарни… Ова е дел од мојата нова политика. Да не биде себичен да ја зграпчи власта туку да ја сподели иако сме победници. Идејата ова е да биде континуирано. На селдните избори ќе победи СДСМ, може на некои наредни избори да победи ВМРО – вели Заев.