ЗАЕВ РЕКОЛ, ЗАЕВ ПОРЕКОЛ Мицкоски не му верува на премиерот

Многу пати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова што се случува меѓу двата круга, посебно политиката на делби и поделби, вели Мицкоски.

383

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не е убеден дека Зоран Заев ќе си остане на зборот, па доколку СДСМ не победи во вториот круг на локалните избори во Скопје, ќе си поднесе оставка.

– Многу пати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова што се случува меѓу двата круга, посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните – посочи претседателот Мицкоски.

Поврзани содржини