Заев – Радев: Отворените прашања да се решаваат низ активен дијалог

На средбата е договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела

308

Перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Македонија, била во фокусот на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Бугарија Румен Радев на завршницата на Самитот на НАТО во Брисел. На средбата е договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

Од Владата соопштија дека бугарскиот претседател Радев ја подвлекол принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република С Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.






– И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република С Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј – се веливо соопштението.

На средбата била истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Бугарија и  С Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.

Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговарале премиерот Заев и бугарскиот ретседател Радев.

 

Поврзани содржини