Заев: Пристигнуваат 8.000 вакцини на „Фајзер“ кои ги понуди Србија

Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има - објави премиерот Заев.

839

Република Србија одлучила да понуди 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, за македонските граѓани, соопшти премиерот Зоран Заев.

– Во комуникација со претседателот Вучиќ се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 фајзерови вакцини против ковид-19. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена – рече Заев, додавајќи дека ова е среќна вест со оглед на тоа што испратиле писма и до други земји за помош околу вакцините.






– Многу сум благодарен од името на целиот македонски народ. Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има – објави премиерот Заев.

Тој најави дека деталите за набавката на вакцините на „Фајзер“ од Србија ќе ги договараат министрите за здравство, а Заев најави уште еден разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ за тоа како и кога ќе биде испорачана понудената пратка од Србија.

Поврзани содржини