ЗАЕВ ПОТКУПУВА ФИРМИ СО НАРОДНИ ПАРИ Лекот е масовен одѕив в недела, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево

Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во недела, рече Мицкоски.

300

Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е Вице, малите зоранчиња градоначалничиња, Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи. Значи освен овие кои се со џебови полни државни пари, некој добро да збори за оваа власт. Нема таков, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Пехчево.

– Нема човек кој добро збори за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека дебело ќе ги загубат изборите – рече Мицкоски.






Тој додаде дека „поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки денес видовме слично е и во Прилеп, тоа што Заев ќе делел државна помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал“.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во недела. Уште во раните утрински часови да се излезе масовно, без запирање и да се даде поддршка на промените кои мора да се случат за да падне оваа власт“, рече Мицкоски.

Поврзани содржини