Заев: Ќе бараме простории за Антикорупциска, разликата е дека Груби се откажа од непродуктивните трошоци

3,323

Не се откажуваме, и натаму ќе бараме соодветна просторна можност за Антикорупциската комисија, рече денеска премиерот, Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, оваа Влада покажува комплетно почитување на сите регулаторни тела во државата, а конкретно, на ДКСК, со новиот Буџет, за 2021-ва, едногласно и се одобрени дополнителни 38 милиони денари за доопремување и модернизирање.






– Оваа Влада покажува комплетно почитување на сите регулаторни тела и контролни механизми, пред се на Антикорупциската комисија, и по нејзини укажувања државата има постапено неколку пати и секогаш сме за пример во делот на постапувањето независно дали било за вработување и судир на интереси за одредени луѓе во минатото или за одредени директори за кои беше јавно укажано и Владата направи разрешување. Тоа е докажано, јавно познато. Сега, со новиот Буџет, беше вклучена претседателката на Комисијата на седница на Влада. Побара дополнителни средства за доопремување и модернизирње на ДКСК и нејзиното работење, од 11 милиони денари кои беа предвидени се побараа дополнителни 38 милиони. Владата имаше дискусија, но едногласно ги одобри тие средства – рече Заев.

Остануваме, додаде премиерот, подеднакво да им служиме на сите институции, независно дали се владини, правосудни, од локалната самоуправа или регулаторни тела и комсии.

– Разликата е во тоа што првиот потпретседател на Владата, Артан Груби и многу други министри направија откажувања од помалку продуктивни трошоци, реалокација на самите трошоци и вративме кредит на ПУИГ. Кога одите со давање на други институции, како Антикорупциската или Јавно обвинителство, судови, ја немате таа можност и тоа се сосема два различни модели на решавање на просторни услови. Не се откажуваме, и натаму ќе бараме соодветна просторна можност за Антикорупцикста комисија зашто и опремата што ја набавуваат е мобилна (компјутери, софтвери, програми). Ќе постапуваме понатаму, колку ни се допаѓала или не работата на ДКСК. Тоа е сепак тело бирано од Собранието и одговорност на сите. Наше е да им помагаме на сите инститруции – објасни Заев.

Според него, ќе се разгледаат и соодветни други просторни можности за да им се излезе во пресрет на многу институции кои барат дополнителниетлни простори.

– Вчера кажав неколку, а постојат десетина вакви институции кои бараат трајно решение. Само ако влезете во второстепените комисии каде што се одлучува за илјадници предмети на граѓаните секој ден, ќе видите колку се лоши условите и за многу други институции, што го крева алармот час поскоро да обезбедиме простор соодветен за ефикасно и успешно работење – напомена премиерот Зоран Заев по забелешките на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи вицепремиерот Артан Груби е сместено во зградата каде требаше да биде Антикопциска.

Поврзани содржини