Заев: Доверба добив од граѓаните, пратениците и македонските социјалдемократи
Тој рече дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи нашето општество напред.
Трет мандат за лидерот Зоран Заев во владејачката партија СДСМ. На прес конференцијата одржана доцна вечерва рече дека за краток период добил многу важни доверби.
– Прво довербата од граѓаните на последните парламентарни избори и честа да ја водам владата и да му служам на овој народ и на оваа наша прекрасна земја. Доверба искажаа и пратениците во највисокиот законодавен дом – Собранието. Денеска македонските социјалдемократи ставија потпис и печат на нивната доверба во мене. Епилог кој е уште еден доказ за тесната поврзаност меѓу вербата и довербата – порача Заев.
Тој рече дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи нашето општество напред.