Заев: Цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!

Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом - напиша Заев на „Фејсбук“.

857

Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ им ја честиташе големата победа на македонските фудбалери против Германија.

– Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски! Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом – напиша Заев на „Фејсбук“.






Поврзани содржини