ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ НА СПЕКТАКУЛАРЕН НАЧИН Џеј Ло и Бен Афлек си купија вила од 50 милиони долари (ФОТО)

Смирувањето на славниот пар воодушеви милиони нивни обожаватели ширум светот, а секој нивен чекор од обновата на романсата привлекува големо внимание во медиумите, папараците и публиката.

752

Најпопуларниот холивудски пар, Бен Афлек и Џенифер Лопез, кои фановите ги нарекоа и Бенифер, на почетокот на мај 2021 година направија хаос откако јавно обелоденија дека повторно се заедно, по речиси 20 години разделба.

Смирувањето на славниот пар воодушеви милиони нивни обожаватели ширум светот, а секој нивен чекор од обновата на романсата привлекува големо внимание во медиумите, папараците и публиката.






Сепак, сега дошол на ред еден голем чекор кој треба да го направат – веројатно и најголемиот откако ја обновија врската.

Како што пренесуваат странските медиуми, Бен и Џенифер купиле спектакуларен имот во Бел Ер, а за новата вила платиле неверојатни 50 милиони долари.

Парот одлучил да купи имот од 1.800 метри квадратни на кој се наоѓаат 10 спални соби, 17 тоалети, но и домашно кино, теретана, неколку кујни, базен…

Самиот влез до куќата е неверојатен и различен – изграден во кружен модел и делува баш како во сите вили од холивудските филмови кои им припаѓаат на американските богати семејства.

Ентериерот на куќата сè уште не е фотографиран, но се наведува дека е класичен и луксузен, со многу злато, но и беж нијанси. Исто така се наведува и дека оваа вила нуди мирен живот каков што тие двајца посакувале и планирале.

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Поврзани содржини