Собранието ја изгласа потребата за носење на измените на законот за здравствена заштита по скратена постапка.
За законот гласаа вкупно 92 пратеници од кои 60 гласаа „за“, додека 32 пратеници беа воздржани. Законот сега треба да оди на комисиска расправа, по што ќе биде вратен на пленарна седница.
По усвојувањето на законот ќе биде задолжително носење маски и на отворено.