За возачите на цистерни со гориво можна е посебна заштита
Од следниот прес во Владата, микрофонот нема да се подава од еден на друг новинар и новинарите ќе седат подалеку еден од друг.
За сите граѓани важат сти мерки ако доаѓаат од високо и средно ризични подрачја со коронавирусот, тука нема поделба и важи оваа мерка. Денес ќе се види дали за возачите на цистерни на „Макпетрол“ и на ОКТА ќе препорачаме посебна заштита. И тие би биле предмет на оваа мерка за да не се загрози снабдувањето со деривати на нафта, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во врска со тоа дали истите мерки при влез во земјава важат и за од 100 до 200 наши државјани кои работат во странски фирми – авиокомпании.
Филипче постети и дека сите државни институции треба да набават средства за дезинфекција, а додаде и од следниот прес во Владата, микрофонот да не се подава од еден на друг новинар, како и новинарите да седат подалеку еден од друг.