За влез во Австрија од петок е задолжителна онлајн регистрација
Новите мерки во австрија стапуваат на сила во петок.
Построг режим за влез во Австрија стартува од петок. Задолжителниот десетдневен карантин за сите што доаѓаат во Австрија е продолжен, а може да се прекине со негативен тест само по пет дена изолација.
Дополнително, се воведува обврска за онлајн регистрација пред влегување во земјата. Регистрацијата е задолжителна не само за странци, туку и за австриски државјани.
Од новата мерка се изземени прекуграничните работници, транзитниот сообраќај, како и лицата кои мораат да одат во Австрија поради итни семејни обврски, како и лицата кои се на службено патување, кои нема да треба да одат во карантин или да се регистрираат.
При онлајн регистрацијата, лицето покрај личните податоци ќе треба да наведе и каде престојувало пред патувањето. Покрај тоа, мора да се наведе адресата во Австрија, како и должината на престојот во земјата.
Формуларот што треба да се пополни може да се најде на веб-страницата www.oesterreich.gv.at на германски и англиски јазик.