🎥 ЗА ВЛАКНО СЕ СПАСИ ОД ПАД ВО АМБИС Американски велосипедист имаше незгода на Тур де Франс

При влегување во свиок со преголема брзина, Американецот Сеп Кус ја загуби контролата над велосипедот и удри во заштитниот ѕид

1

Американскиот велосипедист Сеп Кус беше на чекор од тешка несреќа на денешната 20-та етапа на Тур де Франс, која се возеше низ алпските предели.

Кус во завршницата од етапата беше во водечката група. На едено од ретките спуштања тој се обиде да го зголеми темпото и да побегне од Ричард Карапас. Но, во еден момент за малку ќе завршеше во амбис.

 






При влегување во свиок со преголема брзина, Американецот ја загуби контролата над велосипедот и удри во заштитниот ѕид. За среќа, успеа да се запре на чекор од местото каде завршува заштитната мрежа и се спаси.

Потоа веднаш ја продолжи трката.

Поврзани содржини