🎥 НАПАД ВРЗ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН? Комбе влета во толпата, еден мртов, најмалку 15 повредени

Очевидец изјавил дека видел бело комбе како влегува во паркот Тиергартен во Берлин со голема брзина. Полицијата е внимателна во квалификацијата на настанот и го класифицира како „масовна несреќа со голем број повредени“.

0

Потврдена е смртта на најмалку едно лице во Берлин, откако возило влета вечерва во толпа луѓе во паркот Тиргартен, на трасата на Парадата на гордоста.

Полцијата соопшти дека се повредени се најмалку 15 лица, а дел од нив се во критична состојба.






Возачот, според првичните информации, го напуштил возилото и избегал, по што полицијата почнала голема потрага.

На видеа на социјалните мрежи се споделува апсење на човек за кој се верува дека ги прегазил луѓето.

 

Инцидентот се случил околу 22 часот во близина на Ленештрасе.

Парадата на гордоста во Берлин, локално позната како Ден на улицата Кристофер (CSD), по инцидентот беше прекината, организаторите ја откажаа понатамошната програма на настанот.

Германските власти сè уште не соопштуваат мотив, ниту потврдија дали станува збор за терористички напад, намерен напад или друг вид кривично дело. Истрагата е во тек и полицијата е внимателна во квалификацијата на настанот. Засега го класифицира како „масовна несреќа со голем број повредени“.

Очевидец изјавил дека видел бело комбе како влегува во паркот Тиергартен со голема брзина.

Поради сериозноста на ситуацијата, активиран е протоколот за несреќи со голем број жртви. На терен биле ангажирани 44 работници од службите за итни случаи, заедно со бројни екипи на болничари и лекари за итни случаи.

Само неколку минути по инцидентот, организаторите објавија дека настанот се откажува. Пораката „Евакуација“ беше напишана на голем екран во близина на Бранденбуршката порта.

Поврзани содржини