🎥 11 МРТВИ, ОД КОИ 2 ДЕЦА, ВО УКРАИНСКИ НАПАД НА ОДМОРАЛИШТЕ ВО ЗАПОРОЖЈЕ Москва ја обвини Украина дека намерно гаѓала цивили

Гувернерот на областа изјави дека уште 16 лица се ранети во нападот врз туристичкото село Кириловка.

1

 

Единаесет луѓе се убиени, меѓу кои и 4 деца, во ноќен украински напад врз одморалиште во делот од Запорошката област под руска контрола, објавија руските власти.






Москва го обвини Киев за намерен напад врз цивили.

Украина сè уште не ги коментирала овие обвинувања.

Гувернерот Евгениј Балицки изјави дека уште 16 лица се ранети во нападот врз туристичкото село Кириловка. Населбата се наоѓа на брегот на Азовското Море, во близина на Мелитопоље.

„Непријателот виде и разбра кого целеше“, напиша Балицки на Телеграм.

Поврзани содржини