ВОЗОВИТЕ НЕМА ДА ЗАПРАТ И ПОКРАЈ УНИШТУВАЊЕТО НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА Николоски уверува дека градскиот воз во Скопје ќе профункционира од септември

Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има! Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

0

Градски воз ќе има во Скопје од септември и покрај тешката кражба на електровлечната подстаница Драчево, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ. Сакам да ги информирам граѓаните дека драдски воз ќе има! Ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира! Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има! Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има“, објави Николоски на Фејсбук.






Убеден сум дека со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат, додаде тој.

„Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција. Ние градиме, други уништуваат! Ние ќе победиме! Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

МЖ Инфраструктура денеска информираше дека во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура.

Според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра.

При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени.

Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање.

„Овој настан не претставува само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните. Оштетувањето на објекти од ваков вид може да предизвика сериозни последици за безбедноста, стабилноста и za редовното функционирање на железничкиот сообраќај“, велат од МЖ Инфраструктура.

 

Поврзани содржини