ПРЕГАЗЕНИОТ ШАРПЛАНИНЕЦ ГО ЗАДАВИЛ МИЛЕНИКОТ И ГИ НАПАДНАЛ ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА КОЈА ГО ПРЕГАЗИ Ќерката тврди дека мајка ѝ дејствувала во обид да ги заштити

Влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме, бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна нè нападна и нас и мојот малолетен брат, вели ќерката на Македнката која вчера во Улцињ прегази куче со својот автмобил.

0

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, Црна Гора, откако со автомобил прегази куче, вели дека прегазениот шарпланинец го нападнал и го усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството.

– На видеото се гледа и нашето мало куче ши-цу кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок. Влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме, бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна нè нападна и нас и мојот малолетен брат – вели ќерката во разговор за Сител.






Таа додаде дека шарпалнинецот имал сопственик, кој по настанот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот.

Тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.

Обвинителството во Улцињ попладнево соопшти дека на жената ѝ е одредено 72-часовно задржување и дека е осомничена за кривично дело Убивање и мачење животни.

📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАКЕДОНКА ЅВЕРСКИ УСМРТИ КУЧЕ ВО УЛЦИЊ Полицијата ја приведе жената во обид да ја премине границата

Поврзани содржини