ЗА СРАМНИОТ ЧИН НА АЛБАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕ ОГЛАСИ И НЕГОВИОТ КЛУБ Рускиот Рубин Казан изрази жалење за гестот на Даку

Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот за време на инцидентот беше со репрезентативен ангажман, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација - стои во реакцијата од рускиот клуб Рубин Казан за кој настапува албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку кој на ЕУРО 2024 на мегафон ги пцуеше Македонците и Србите.

2,309

Скандалозното однесување на албанскиот фудбалски репрезентативец Мирилинд Даку на Европското првенство во Германија кога на мегафон заедно со албанските навивачи ги пцуеше Македонците и Србите, наиде на широка осуда во јавноста.

По реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија која најави официјален допис до УЕФА и побара јавно извинување од Даку, денеска со осуда за непримерниот чин на албанскиот репрезентативец се огласи и неговиот клуб, рускиот Рубин Казан.






„Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот за време на инцидентот беше со репрезентативен ангажман, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација. Што се однесува до санкциите против играчот, тоа е во надлежност на УЕФА“ – се вели во соопштението од рускиот клуб.

ФФМ ГО ПОВИКА ФУДБАЛЕРОТ МИРЛИТ ДАКУ ДА СЕ ИЗВИНИ Федерацијата очекува спортскиот дух да не се меша со националистичката реторика

Поврзани содржини