За седум месеци извозот забележа пад од 21,4 отсто

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

175

Извозот за седум месеци од годинава бележи пад од 21,4 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според обајвените податоци вредноста на извозот во периодот јануари-јули 2020 година изнесува 3,29 милијарди американски долари






Вредноста на увeзената стока, во тој период, изнесува 4,51милијарди американски долари, што е за 17,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1,21 милијарди американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 73,1 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Поврзани содржини