За само два дена поднесени 27.000 барања за финансиска помош за мај

Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се  поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

313

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец  мај 2020, соопшти Управата за јавни приходи.

Според информациите од УЈП за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД  поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.






Oбразецот БФП-ИП за финансиска поддршка за исплата на плата за мај го поднеле 20.127 компании, а од биле прифатени 16.610 барања.

2.240 компании поднеле за образецот БС-ПЗСО со кој се субвенционира исплатата на придонеси од задолжително осигурување, а за оваа мерка се прифатени 1.909 барања.

Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се  поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

Како што информираат од Управата од 01.06.2020 до 07.06.2020 година, работодавачите може да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 05.06.2020 година Барања за субвенционирање на 50% од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност.

Во април месец УЈП прими, провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени. Мал број на барања се сè уште во постапка на проверување и обработување.

Поврзани содржини