За ЛДП 5 јули е прифатлив датум за избори

Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени, мора да го деблокираме процесот за да продолжат реформите во државата

339

Претседателот на Либерлано-демократската партија Горан Милевски изјави дека за нив е прифатлив предлогот на претседателот на ДУИ Али Ахмети изборите да се оддржат на 5 јули.

– Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ парламентарните избори да се одржат на 5 јули. Мисиме дека е крајно време да се закаже датумот за изборите, бидејќи, како што може да се забележи, кризата го намалува влијанието, но во догледно време нема целосно да се укине. Не може да чекаме да нема ниту еден заболен, зашто не знаеме кога ќе биде. Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени. Конкретно, ние во локалната самоуправа ја започнавме децентрализацијата која запре со распишувањето избори и изборот на техничката влада, која пак, не може да носи политички одлуки. Мора да го деблокираме процесот за да продолжат реформите во државата – рече Милевски.






Според него, ако  5 јули е компромисниот датум, ова прашање поголемите политички партии треба веќе да го разрешат за да не се создава некоја вештачка политичка криза. Милевски рече дека треба да водиме грижа, да се придржуваме на мерките од Комисијата за заразни болести, да донесеме протокол за изборите за да се заштити здравјето на граѓаните.

Поврзани содржини