ЗА ИБРАХИМОВИЌ ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА Милан славеше во дербито со Лацио (ВИДЕО)

Екипата на Стефано Пиоли ќе се соочи со тешки предизвици во наредните денови, прво судир со Ливерпул во среда во Лигата на шампионите, а потоа и натпревар во Торино против Јувентус за седум дена.

285

Милан привремено изби на врвот во Серија А по триумфот од 2-0 во дербито против Лацио во третото коло. Росонерите на сигурен начин освоија нови три бода и првпат по повеќе од три години успеаја да врзат две едноподруго победи на домашен терен против екипата од Рим.

Римскиот клуб овој натпревар го одиграа без речиси никаква шанса, додека „росонерите“ можеа на крајот да слават и поубедливо.






Домаќините го контролираа мечот од самиот почеток, но предноста дојде дури во 45 минута кога Леао убаво повлече една полуконтра, одигра двојно додавање со Ребиќ, а потоа рутински ја погоди мрежата со удар од шеснаесетникот.

Милан можеше да стигне до 2:0 во судиското надополнување од првото полувреме, но Кеси ја погоди пречката од пенал.

Предноста беше зголемена во 67 минута, Златан Ибрахимовиќ влезе во игра седум минути порано и уште еднаш покажа дека годините се само бројка. Најзаслужен за голот е Анте Ребиќ, кој запиша уште една асистенција, а на Швеѓанецот не му беше тешко да ја погоди небранетата мрежа.

Екипата на Стефано Пиоли ќе се соочи со тешки предизвици во наредните денови, прво судир со Ливерпул во среда во Лигата на шампионите, а потоа и натпревар во Торино против Јувентус за седум дена.

Поврзани содржини