ЗА ФРЛАЊЕ ГРАДЕЖЕН ШУТ ФИРМА КАЗНЕТА СО 20.000 ЕВРА Инспекторите го фатиле возачот на камион на дело
Општина Аеродром додава дека ќе продолжи со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.
Фирма од Скопје треба да плати казна од 20.000 евра, откако нејзин камион е фатен како незаконски фрла градежен шут на дива депонија во близина на селото Долно Лисиче, информира Општина Аеродром во соопштение.
„При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност“ – се вели во соопштението на Општината.
Општина Аеродром додава дека ќе продолжи со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.
„Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“ – се вели во соопштението.