ЗА ЕКОНОМИЈАТА КРЕШНИК И ФАТМИР, ЗА НАЦИОНАЛНОТО АЛИ, АРТАН И БУЈАР, А ЗА ПАРТИСКИ МОБИНГ ОЛИВЕР И ВИЛМА Тие ни ја решаваат судбината!

Христијан Мицкоски повика на фронт против ДУИ и СДСМ.

1,871

„За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија, без разлика на нивната етничка припадност, главните промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик, тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес, тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ, тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Отприлика, тоа е реалноста во која што ние живееме“.

Ова денеска го изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната обука на тема „Политички кампањи и целите на женските организации“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Jarl Hjalmarson“.






– ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период поддржа жена за претседател, за жал не успеавме во таа намера, поради инженерингот кој што се случи на тие избори, но можам да кажам дека од тие избори започна сериозна реформа во партијата и поинаков пристап во водењето на политики. Тогаш почитуваната проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова се нафати на тој предизвик. Позади нејзе застанавте вие, застана партијата, појасни Мицкоски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поддржа и жена кандидат за градоначалник на град Скопје. Арсовска успеа и победи на локалните избори, и сега главниот град има жена градоначалник.

Мицкоски рече дека денес во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата.

– Ние треба да креираме фронт и да се обединиме против корумпираните политичари, анти ДУИ-СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава, држава која што ќе ги следи современите текови на дигитализација, на вештачката интелигенција и на вистинската зелена агенда – порача Мицкоски.

 

Поврзани содржини