ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега СДСМ нема право да коментира кој го зголемил долгот
Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки
За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.
При тоа, таа истакна дека во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.
-Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да зaбоурвате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години – рече министерката.