ЗА 34,4% ПОМАЛКУ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ ВО ЈАНУАРИ Најмногу станови ќе се градат во Охрид вкупно 150
Предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56. 031 м2. Од нив во скопските општини ќе се градат само 77 станови.
Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34,4 % помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4,503 милијарди денари што е за 41,6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48
(18,8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16,4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 256 објекти, на 164 (64,1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35,9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56. 031 м2. Од нив во скопските општини ќе се градат само 77 станови. Најмногу станови ќе се градат во Југозападниот регион вкупно 209, во Југоисточниот регион 119 и во Пелагонискиот регион вкупно 113 станови.