🎥 ЗЈАПАШЕ ВО ТЕЛЕФОНОТ, ПА ЛЕТНА ОД ПЛАНИНСКА ПАТЕКА Мазгата немаше разбирање за неговата занимација

Повредениот турист е итно префрлен во болница на лекување, иако неговата состојба засега не е позната.

165

Турист, кој бил зафатен гледајќи во телефонот, бил турнат од планинска патека од мазга што одела зад него по патеката. Инцидентот се случил за време на искачувањето до храмот Кајшен на врвот Беигао во Хангжу, Кина, пренесува Телеграф.

Снимката, која се прошири на интернет, го прикажуваат човекот како стои на работ на тесно камено скалиште, загледан за својот телефон, додека другите посетители се движат околу него по патеката. Во меѓувреме, мазга што носи натоварени торби, водена нагоре од водич, му се приближува на расеаниот турист одзади. Иако мазгата не остварува директен контакт со човекот, нејзините товарни вреќи го удираат, предизвикувајќи тој да ја изгуби рамнотежата и да падне надолу по стрмнината.






Неколку посетители притрчале да му помогнат, а биле повикани и служби за итни случаи. Повредениот турист е итно префрлен во болница на лекување, иако неговата состојба засега не е позната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини