ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека по завршувањето на протестот биле приведени 77 лица, од кои 38 се задржани во притвор, вклучително и едно малолетно лице. Дачиќ информираше дека во судирите со демонстрантите биле повредени 48 полицајци, при што еден добил тешки повреди на главата. Исто така, значителен дел од заштитната опрема на полицијата бил оштетен или уништен.

266

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да потпише помилувања или каква било аболиција за кривичното гонење на оние кои учествуваа во насилства.

Вучиќ додаде дека ќе има уште многу апсења поради нападите врз полицијата во саботатабеч по протестот на студентите што блокираат факултети.






– Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА – рече Вучиќ.

„Најважно е што Србија победи“

„Неа (Србија) не можете да победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.

Ова го рече Вучиќ и најави инфраструктурни проекти, патишта и отворање железнички делници. Според него, најавата „имате зелено светло“ на крајот од вчерашниот протест во Белград е директен повик за граѓански конфликти и за напади врз полицијата.

– Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани – рече српскиот претседател.

Приведени се 77 лица, а 38 луѓе се задржани

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека синоќа по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани. Меѓу приведените има и едно малолетно лице.

Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе биде поднесено барање за прекршочна постапка. Во акцијата на полицијата се повредени 48 полицајци, изјави Дачиќ на прес-конференцијата.

– Еден припадник на полицијата има тешки телесни повреди на главата. Голем дел од заштитната опрема е уништена или оштетена – изјави Дачиќ на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Мацут повика на смирување на тензиите

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, го осуди насилството и нападите на хулиганите врз полицијата по протестот во Белград и ги повика сите да ги смират тензиите и да се однесуваат одговорно.

Како што соопшти Владата, Мацут изрази искрена благодарност до припадниците на МВР и до сите безбедносни служби што реагираа брзо и професионално, спречија поголеми инциденти и што ги заштитија граѓаните и нивниот имот.

– Србија е демократско општество во кое мислењата можат и мора да се изразуваат на мирен и на цивилизиран начин, без да се загрози безбедноста на граѓаните и да се наруши јавниот ред и мир. На Србија ѝ се потребни мир, стабилност и заедничка работа за подобра иднина – истакна Мацут.

„Студентите повикаа на граѓанска војна“

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, јавно реагираше дека студентите на вечервашниот протест во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна.

„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’. Завршија со морничав повик за убивање на Србија, монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Икс.

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека 6 полицајци и двајца граѓани се повредени.

📽️ ТЕНЗИЧНО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОТЕСТОТ НА СТУДЕНТИТЕ ВО БЕЛГРАД Полицијата употреби солзавец за да ги растера младите кои фрлаа шишиња и камења кон неа

Поврзани содржини