Претседателот на Србија соопшти дека неговиот син Данило е примен на Инфективната клиника.
Синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, е заболен од коронавирусот, беше објавено на Инстаграм порфилот на претседателот на оваа земја, Александар Вучиќ.
– Кога се започна, мојот син Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заболен од коронавирусот, а клиничката слика му е таква што беше примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака твојот татко, те сакаме сите! – напиша Вучиќ.