ВУЧИЌ ЛАНИ ДОБИЛ 130 ПОДАРОЦИ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ – ПОРТРЕТИ, ЧАСОВНИЦИ, ПА И ПЕСНА ЗА НЕГО Само еден задржал за себе, еве кој

Вкупнат вредност на подароците што ги добил српскиот претседател Александар Вучиќ во 2025 година изнесува 13,8 милиони динари или околу 117.500 евра, објави српската Агенција за спречување корупција.

24

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во 2025 година добил подароци во вредност од речиси 13,8 милиони динари објави српската Агенција за спречување корупција. Агенцијата објави список со сите подароци што ги примил лани Вучиќ.

Покрај стандардните, протоколарни подароци што Вучиќ ги добил за време на средбите со други државници, имало и интересни предмети – спортски дресови со неговото име, негови портрети, па дури и песна посветена на него.






Минатата година Александар Вучиќ добил 130 подароци како претседател. Нивната вкупна вредност била точно 13.797.500 динари или околу 117.500 евра. Од нив Вучиќ задржал еден подарок во вредност од 5.000 динари како свој личен имот, а сите други подароци се јавна сопственост.

Подарокот што го задржал е икона на Богородица со позлата во дрвена рамка. Се наведува дека причината за давањето на подарокот била „средба со претседателот на Републиката“, но не и кој му ја дал иконата.

Со секој подарок е наведен само поводот, а не и кој е дарителот.

Највредниот подарок на таа листа е часовник. На 9 мај минатата година Вучиќ добил рачен часовник „Победа-80“ од фабриката за часовници „Антон Суханов“ во Санкт Петербург, направен во ограничено издание од 80 примероци, за 80-годишнината од Големата победа, односно Денот на победата над фашизмот. Како што е наведено во каталогот на подароци, часовникот е музејски експонат од исклучително значење.

Проценетата вредност на овој подарок е осум милиони динари, што е околу 68.000 евра.

Вториот по вредност подарок е кожен факсимил од Мирославовото евангелие во дрвена кутија со димензии 60 на 36 на 13 сантиметри, чија проценета вредност е 600.000 динари. За овој подарок е наведено дека е примен по повод „приемот кај претседателот на Републиката“, но не се познати други детали.

Медалите од Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016, Токио 2020 и Париз 2024 имаат нешто помала вредност, 320.000 динари, во кутии со знамето на Србија и текст „Ватерполо федерацијата на Србија изразува благодарност до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за неговиот придонес во успехот на освојувањето на титулата трикратен олимписки шампион, декември 2024 година“. Овој приемот кај претседателот се одржа во декември 2024 година, но документите му беа предадени на протоколот на 3 јануари 2025 година.

Останатите подароци се со помала вредност. Меѓу најевтините, кои обично вредат неколку илјади динари, се претежно спортски подароци – дресови и топки, но и разни религиозни предмети, фигури и скулптури.

Еден од најимпресивните подароци што претседателот Вучиќ ги добил лани е испечатена песна за него, во дрвена рамка. Проценетата вредност на овој подарок е 4.000 динари. Вучиќ, исто така, за време на обиколката на општина Житораѓа, доби врамен портрет, во чија позадина се наоѓа знаме на Србија, сп проценета вредност од 8.000 динари.

Меѓу подароците има уметнички дела, како и разни предмети што потсетуваат на земјите од каде што доаѓаат, како што е играчка змија вредна 6.000 динари, која Вучиќ ја добил по повод кинеската Нова година. Вучиќ добил и портрет од американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини