ВУЧИЌ ГО ПРЕКИНА ИЗВОЗОТ НА МУНИЦИЈА ПО РЕАКЦИИТЕ НА МОСКВА Захарова го повика Белград да каже дали го помагал Киев
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделник, 23 јуни, изјави дека Москва очекува малку појасни одговори од Белград за извозот на муниција што завршува во Украина. Истиот ден, српското министерство за одбрана објави дека се суспендира извозот на воена опрема и муниција произведени во земјата и дека за тоа во иднина ќе треба дополнителна согласност од Советот за национална безбедност на Србија.
Српското Министерство за одбрана објави дека „во согласност со упатствата на претседателот на Републиката, врховен командант на српските вооружени сили и претседател на Советот за национална безбедност Александар Вучиќ, извозот на оружје и воена опрема произведена во Република Србија се суспендира“.
„Во иднина, за извоз на оружје и воена опрема произведена во фабриките на одбранбената индустрија, покрај согласноста од другите надлежни министерства и агенции, задолжителна ќе биде и согласноста од Советот за национална безбедност во согласност со член 16, став 4 од Законот за извоз и увоз на оружје и воена опрема“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на министерството.
Повеќе медиуми во регионот напишаа дека се претпоставува дека одлуката на Вучиќ за муницијата следела по разни информации што се појавија за продажбата на оружје произведено во Србија на купувачи во Украина и во Израел.
Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација на 23 јуни објави дека, според информациите што ги добила, украинската војска е многу благодарна на српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената готовност на украинските вооружени сили.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделник, 23 јуни, изјави дека Москва очекува малку појасни одговори од Белград за извозот на муниција што завршува во Украина.
„Српските власти мора да ја кажат вистината за испораките на оружје во Украина. Слушам толку многу контрадикторни работи за ова од официјални српски претставници што сакам малку јасност: дали се случило или не“, напиша таа на социјалната мрежа Телеграм.