ВТОРАТА НАЈГОЛЕМА КРИПТОВАЛУТА ВОВЕДУВА „ЛОТО“ Етереум ќе штеди струја и ќе го смени поимот за копање крипто

Процесот се вика „спојување“ или на англиски merge. Ова би требало да го замени сегашниот алгоритам. Но, дали е етичка ваквата лотарија? Па, како гаранција за исправностa, учесниците во системот ќе ги ставаат во облог своите пари во форма на Етереум – колку повеќе, толку е поголема шансата да бидeте избрани на „лотото“. Така, веќе нема да има рударење на криптовалутата, а „рударите“ ќе си го сменат името во „валидатори“. „Лотото“ на некој начин ги фаворизира оние кои ќе стават повеќе пари, но за оние кои со огромни суми ќе сакаат „да си го превземат“ ќе има мерки и казни во алгоритмот, велат од компанијата.

558

Втората најголема криптовалута, Етереум, реши да направи една промена со која ќе им заштеди 99 отсто струја на копачите. Но, истовремено, тоа ќе им го направи копањето понесигурно. Етереум воведува систем на „лото“ (proof of stake) со кој алгоритам по случајност ќе бира кој добива нови блокови од валутата, наместо претходно, кога ви требаше „доказ од работа“ (proof of work) за да освоите делчиња од валутата.

Под работа тука се подразбира забрефтаниот процесор или серија процесори кои вртат за да најдат криптографски број поголем од 13 места, составен од букви и бројки кој досега не бил пронајден. Ова, секако, е голем проблем, бидејќи конзумира неверојатни количества струја. Додека експертите во ЕУ на пример, предлагаа вакво нешто за Биктоинот, уште пред да почне кризата со струја годинава, Етереум реши сам да го започне тој процес.






Апгрејдот „Мerge“ од денес, е активен. Името значи „спојување“. Ова би требало да го подобри сегашниот алгоритам. Но, дали е етичка ваквата лотарија? Па, како гаранција за исправностa, учесниците во системот ќе ги ставаат во облог своите пари во форма на Етереум – колку повеќе, толку е поголема шансата да бидeте избрани на „лотото“. Така, веќе нема да има рударење на криптовалутата, а „рударите“ ќе си го сменат името во „валидатори“.

„Лотото“ на некој начин ги фаворизира оние кои ќе стават повеќе пари, но за оние кои со огромни суми ќе сакаат „да си го превземат“ ќе има мерки и казни во алгоритмот, велат од компанијата.

Се смета дека копачите на Етереум трошејќи струја придонесуваат за испуштање јаглерод диоксид во воздухот колку што испушта државата Сингапур. Ваквите споредби на Биткоин и Етереум со потрошувачка на цели држави не се новост. Новот е што новиот „зелен екосистем“ во кој влегува Етереум ќе им создаде главоболки на копачите.

Сепак, малата потрошувачка на струја е токму она што би можело да го направи Етереумот прв играч на пазарот, а другите криптовалути да мораат да го следат неговиот пример.

Поврзани содржини