ВТОРА АРМИЈА ВО СВЕТОТ Со 180.000 нови регрути, Русија ќе има 1,5 милиони активни војници

Зголемувањето на бројот на војници значи дека Русија ќе ја надмине армијата на САД и Индија, според податоците од воената организација „Меѓународен институт за стратешки студии“.

861

Рускиот претседател Владимир Путин нареди руската армија да се зголеми за 180.000 војници, соопшти Кремљ.

Со ова проширување, руската армија ќе има 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина армија во светот, веднаш по кинеската.






Зголемувањето на бројот на војници значи дека Русија ќе ја надмине армијата на САД и Индија, според податоците од воената организација „Меѓународен институт за стратешки студии“.

– Ова се должи на бројните закани кои постојат на нашите граници. Ситуацијата на нашите западни и источни граници бара соодветни мерки – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ова е третпат откако Путин го зголемува бројот на војници во руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022.

Поврзани содржини