Втор ден се трага по исчезнатиот дедо на Пелистер

373

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување од рано изутринава ја продолжи потрагата по лицето на планината Пелистер, кое се води како исчезнато од 13 мај 2020 година.

Од Дирекцијата информираат дека тимот е надополнет со уште неколку членови, а по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжиле со пребарување на теренот и  потрагата по исчезнатото лице.

Дирекцијата за заштита и спасување е во постојана комуникација со тимот на терен и со МВР за навремено добивање на информации и информирање на јавноста.

Исчезнато е лице на возраст од 85 години, во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива.

Поврзани содржини