Втор ден нема починати од ковид-19, но се регистрирани 21 нов случај на заразани и 17 оздравени
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
Во изминатото деноноќие регистрирани се 21 нов случај на ковид-19, оздравени се 17 лица и нема починати информира, Министерството за здравство.
Меѓу оздравените 7 се од Скопје, по двајца во Куманово, Прилеп и Велес и по еден оздравен од Гостивар, Крива Паланка, Пехчево и Берово.
Во изминатото деноноќие, информираат од МЗ не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19, но се направени 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19. Од нив во Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.