ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА ВО ГТЦ Во подрумите се копале криптовалути на див приклучок за струја?
Пред магацинот во ГТЦ на лице место во моментов има полиција и инспектори од МВР.
Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва покрена полициска акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар во Скопје, а според првичните информации што ги објави ТВ21, наводно во подрумите на трговскиот центар се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.
Според порталот Инфомакс, пак, во магацинските простории имало десетина компјутери за копање криптовалути, а кои биле диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.
Пред магацинот на лице место во моментов има полиција и инспектори од МВР.