ВРЕМЕ Е КАКО ПРЕД 130 ГОДИНИ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ТРГНЕМЕ НАПРЕД Мицкоски го честита Денот на македонската револуционерна организација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека и денес на македонскиот народ му е потребен револуционерниот пркос од 1893 година за да се запрат ударите врз темелите на државата.

208

Ако на основачите на ВМРО им било важно да формираат македонска држава. На нас нивните следбеници важно ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично важно ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод да го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски потсетува дека 23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава.






„Формирањето на Македонската револуционерна организација, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре. И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство. Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава“, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини