📽️ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД САРАЈ Ученици во жестока пресметка, другите стојат и снимаат и никој не реагира

Видео-снимка прикажува тепачка меѓу ученици во дворот на ООУ „Дитурија“ во Сарај, додека други деца стојат и снимаат, без да се обидат да ја спречат пресметката.

510

Вознемирувачко видео објавено на социјалните мрежи покажува како група ученици од централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се тепаат во училишниот двор, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони.

Снимката, објавена на профилот на „Глас.мк“, прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, додека околу нив стојат други деца, без да интервенираат. Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.






Поврзани содржини