ВОЗНЕМИРУВАЧКО 📽️ ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ИЗВЛЕЧЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ВО УКРАИНА „Требаше да има цел живот пред себе“

Спасувачите во Днепар од урнатините на погодена станбена зграда го извлекоа телото на тригодишно момче. Украинската премиерка Јулија Свириденко објави снимка од акцијата и порача дека секое убиено дете е трагедија што не може да се поправи.

205

Тригодишно момче е меѓу жртвите на синоќешниот масовен руски напад врз Киев и неколку градови во Украина. Детето загинало во Днепар, каде што била погодена станбена зграда.

Видеото од  извлекувањето на телото го објави украинската премиерка Јулија Свириденко.






„Требаше да го има целиот живот пред себе“

Свириденко сподели потресна порака покрај снимката.

„Младата жртва на синоќешниот руски напад врз Днепар беше тригодишно момче. Спасувачите го извлекоа неговото тело од под урнатините. Дете кое требаше да го има целиот живот пред себе“, напиша таа.

Таа изрази сочувство до семејството.

„Секое дете убиено од Русија е трагедија што не може да се поправи“, порача премиерката.

 

Спасувачките акции продолжуваат

Украинските власти соопштија дека нападите погодиле повеќе цели низ земјата. Најтешко погодени биле станбени објекти и цивилна инфраструктура.

Спасувачките екипи и натаму расчистуваат урнатини на дел од погодените локации. Властите предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.

Поврзани содржини