📽️ ВОЗНЕМИРУВАЧКА ГЛЕТКА НА ПЛАЖА ВО КАЛИФОРНИЈА Хеликоптер се распарчи пред очите на туристите

Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот кога леталото почнало неконтролирано да кружи, а потоа паднало меѓу скали, палми и тротоар на популарната калифорниска плажа.

302

Наместо мирно слетување, туристите на плажата Хантингтон во Калифорнија добиле глетка од филм – хеликоптер што летал над нив почнал диво да се врти, а потоа се срушил право во палмите.

Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот кога леталото почнало неконтролирано да кружи, а потоа паднало меѓу скали, палми и тротоар на популарната калифорниска плажа. Петмина се повредени, според противпожарната служба на Хантингтон Бич, меѓу кои и две лица од самиот хеликоптер. Тие биле спасени од остатоците по несреќата, која се случила во саботата.

 






Лицата се однесени во болница.

Меѓутоа, засега не е позната причината за оваа несекојдневна несреќа. Од службите потврдиле дека е започната истрага за да се утврди што точно се случило пред машината да загуби висина и да удри во земја.

Останува да се види дали ќе бидат објавени повеќе детали за техничката состојба на леталото и за евентуалните човечки грешки.

Поврзани содржини