ВОЗИЛО УДРИЛО ВО 16-ГОДИШНИК, ПА НАСТАНАЛА РАСПРАВИЈА Нови детали за синоќешната тепачка во Карпош

По претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираат од МВР.

658

На масовната тепачка што се случи синоќа пред трговскиот центар Антико во скопската општина Карпош, и претходела сообраќајка, соопшти Министерството за внатрешни работи во официјалниот билтен.

До тепачката дошло откако автомобил удрил 16-годишен пешак, по што пет други лица физички се пресметале.






„На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(28) и Б.Е.(27), од една страна, и Х.Ј.(21) и Р.И.(49), од друга страна сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, известија од МВР.

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ 4 ПО СООБРАЌАЈКА Наводно, било прегазено дете

Поврзани содржини