Сообраќајка на семафорите пред Соборниот храм во Скопје на раскрсницата меѓу булеварите Партизански одреди и Климент Охридски се случи попладнево.
Во несреќата учествуваа возило на Брза помош со прилепски регистарски таблички, како и „шкода фабија“ со скопски таблички.
Возачот на Итната медицинска помош најверојатно бил сам во возилото, а тој му помогнал на возачот на „фабијата“ кој се пожалил на болки и му го фиксирал вратот.
Во меѓувреме пристигна друго возило на Брза помош, која го превзема возачот на „фабијата“, иако тој самиот излезе од возилото, сепак беше пренесен во Клинички центар на понатамошни испитувања.
Поради сообраќајната незгода, сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, полициска екипа го обезбедува местото, но се очекува пристигнување на слижбите на МВР кои треба да извршат увид на самото место.