ВОЗЕЛ СО 2,60 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА 54-годишник излетал од патот Кавадарци-Дреново

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта, се вели во полицискиот билтен.

620

Жител на кавадаречко Возарци излетал од патот со „фиат стило“ кај регионалниот пат Кавадарци-Дреново, информираше Министерството за внатрешни работи. Полицијата го лиши од слобода 54-годишниот Б.И. на кој му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Настанот се случил вчера кон 18.05 часот.

„Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта“, се вели во полицискиот билтен.






МВР соопшти дека за случајот е известен јавен обвинител и дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.

Поврзани содржини