Воздушниот сообраќај во Загреб во прекин, контролната кула се оштетила во земјотресот

Во соопштението се наведува дека контролната кула Загреб претрпела штети во денешниот земјотрес, а веднаш потоа била прекината услугата аеродромска контрола на летање, за што било издадено и НОТАМ.

399

Хрватската Контрола на летање вечерва соопшти дека контролната кула во Загреб била оштетена во земјотресот, поради што воздушниот сообраќај над Загреб кусо време бил во прекин.

Во соопштението се наведува дека контролната кула Загреб претрпела штети во денешниот земјотрес, а веднаш потоа била прекината услугата аеродромска контрола на летање, за што било издадено и НОТАМ.






После увидот на статистичарите, од 15.15 часот хрватската контрола на лет повторно ја давала услугата на контролната кула во Загреб, се заклучува во кусото соопштение.

Разорниот земјотрес ги погоди Петриња и жупанијата Сисак-Мославина во 12:19 часот. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека бил со јачина од 6,2 степени според Рихтер, а го почувствувале шест милиони луѓе.

Поврзани содржини