ВОЗАЧОТ НА „ПЕЖОТО“ НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕН Полицијата соопшти детали за несреќата кај селото Манастирец

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

1,046

МВР излезе со детали за сообраќајката која се случи утрово на патот Кавадарци-Росоман кај селото Манастирец. Во несреќата учествувале „фиат пунто“ и „пежо“, а две лица се тешко повредени и пренесени во кавадаречката болница.

Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

 

📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ РОСОМАН Повредени се три лица, еден од повредените е во критична состојба

Поврзани содржини