ВОЗАЧИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОИНАКУ ОД ПОЛНОЌ Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Од полноќ литар бензин ќе биде поевтин за два денари, додека дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денар.горива, бензин, дизел, РКЕ, цени на горива, евросупер БС-95, евродизел

6

Од полноќ возачите ќе плаќаат пониски цени за бензините, додека дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука, малопродажната цена на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалува за 2 денари по литар.






Со тоа, литар „евросупер БС-95“ ќе се продава за 86 денари, додека цената на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 88 денари.

Истовремено, цената на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,5 денар по литар. Новата цена на дизелот ќе биде 87 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство 89 денари.

Намалување има и кај мазутот. Според одлуката на РКЕ, цената на „мазут М-1 НС“ се намалува за 0,609 денари по килограм и отсега ќе изнесува 47,297 денари.

Поврзани содржини